Двајца терористи убиени во антитерористичка операција во Истанбул


Двајца терористи се убиени, а четворица полицајци се ранети во антитерористичка операција на турските сили за безбедност, спроведена рано изутринава во Истанбул.

Двајца терористи се убиени, а четворица полицајци се ранети во антитерористичка операција на турските сили за безбедност, спроведена рано изутринава во Истанбул.istambul-1-640x341

Припадници на Одделот за борба против тероризмот на истанбулската полиција спровеле серија операции против терористички групи во квартот Газиосманпаша.

Четворица полицајци се ранети, откако терористите отвориле оган кон нив.  Полицајците се хоспитализирани.

Според весникот „Хуриет“ убиените терористи се жени.

Полицијата не прецизираше која терористичка организација била цел на полициската акција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1