СКАНДАЛ И НЕРВОЗИ во ресторан во Скопје – на закажана свадба им го препродале терминот


На социјалните мрежи кружи овој пост од идната невеста Marijana Josifoska која тврди дека ресторанот Ореов Лад и ја упропастил свадбата. На време закажано и платен капар останале без терминот за прославата. Еве го нејзиниот пост во целост.

,, Oreov Lad Сакам да ви се “заблагодарам” за вашата професионалност при закажување на нашата свадба на 30.08.2015 год при што ние ви уплативме капар на жиро сметка, а вие на многу фин начин го продадовте истиот датум, претпоставувам на за вас поисплатлива свадба,без да не контактирате. Цел месец не влечкате за нос дека ќе ни организирате свадба од соништата истиот ден во дневен термин или ќе ни го вратите дупло капарот..oreov lad post

Стресот кој ни го приредивте ниту едни пари нема да можат да го искомпензираат,вашиот мизерен однос кон нас не може да се опише со зборови, а не да се плати..Само се надевам дека сите што имаат организирано некој убав момент од нивниот живот кај вас ќе си го проверат на време терминот за да не мора да бидат уценети од вас,ем да го сменат терминот и целата макотрпна организација,ем да ви платат пари..Ако мислевте дека лесно ќе поминете сте се излажале затоа што не ви е прв пат ваква работа да направите,всушност по скопје сте биле познати по тоа,ама за жал ја потценивте моќта на социјалните мрежи во денешно време..На невестата што ќе прави свадба во мојот термин и посакувам се најдобро, а на вам се најлошо!!!,,

Gorge Stojanov

На закажани музика, црква и матично, почитуваните „газди“ не можеа да „разберат“ дека друг термин не ни одговара и дека на уплатен капар од 400 евра не може без да не консултираат да си прават фиком во угостителството. Наместо да се извинат, бедно станаа од маса и го пратија готвачот да преговара во нивно име.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1