СКАНДАЛ: КАПЕТАНИЈА МУ ИЗРЕКЛА ГЛОБА ОД 300 ЕВРА НА ТАТКОТО НА ХЕРОЈОТ МАРКО


Таткото на детето ХЕРОЈ МАРКО ПЕЈЧИНОСКИ, кое го преплива Охридското Езеро на 12 годишна возраст, Тони Пејчиноски, од страна на Капетанијата на пристаништа на РМ – Охрид, поради банална причина, истекување на сообраќајна дозвола на пловен објект Кајче, бил казнет со мандатна казна од 300 евра. Ваквиот скандалозен чин од страна на Езерската Полиција и Капетанијата на пристаништа, бил утврден на само една недела пред Херојот Марко да го преплива Охридското Езеро, поточно на секојдневниот тренинг кој го правел неговиот татако Тони Пејчиноски со неговиот син Марко, кај месноста викана Канео, објави ОhridSky, потврда добиле и од капетанијата.

Браќата Климе и Јован Лотески по објавената сторија на Охридскај, во врска со постапката на Капетанијата на пристаништата на РМ, се јавија во редакцијата Охридскај, со замолница редакцијата Охридскај да го објави следното:

„Ние, браќата Климе и Јован Лотески од Охрид, се восхитуваме на херојскиот подвиг на Херојот Марко Пејчиноски, чудо од дете, казната кои ја изрекле господата од Капетанија и Езерска Полиција од Охрид ќе ја платиме. Воедно нашата фирма „Лоте Компани“ на младиот Херој Марко ќе му врачиме една мала скромна награда во висина од 500 Евра годишна стипендија, но спремни сме во секој поглед и понатака да ги подржиме и спонзорираме сите пливачки натпревари на овој најголем херој.

Повеке на OHridsky.com

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1