СКАНДАЛ: Македонски амбасадор злоупотребил државни пари


Откако соодветните инспекции утврдиле дека идниот амбасадор на земјава во Босна и Херцеговина ненаменски ја потрошил оваа сума за време на неговиот престој во амбасадата на Македонија во главниот град на Катар, Доха Хасановиќ мора да надомести речиси 2,3 милиони денари, односно 50 илјади долари на сметката на буџетот на Министерството за надворешни работи.

fuad hasanovicСпоред весникот на албански јазик „Лајм“, Хасановиќ предизвикал финансиска малверзација од 20 до 30 илјади денари, но извори на Канал 5 во државната ревизија тврдат дека сумата за која што било утврдена проневерата е околу 50.000 долари. Вината на Хасановиќ е што ненаменски исплаќал средства на лицата ангажирани со авторски договор од македонската амбасада во Катар и за тоа не обезбедил соодветна документација.

Според извештајот од ревизијата, еден од двајцата локални вработени во амбасадата во Доха, од почетокот на февруари воопшто не живеел во Катар, но сепак продолжил да работи како преведувач од арапски и за тоа примал пари.

Ревизорите исто така откриле дека двајцата ангажирани со договор за дело немале безбедносни сертификати издадени од соодветните македонски институции, а сепак имале пристап до документи со кои не смееле да бидат во контакт.

Според сугестијата на ревизорите, амбасадорот Хасановиќ кој е кадровско решение на ДУИ ќе мора во буџетот на Република Македонија да врати речиси 50 илјади долари ненаменски потрошени за време на службувањето во Катар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1