СКАНДАЛ: Македонски војници преминуваат во бугарската војска


Група на отпуштени професионални војници од Армијата на Република Македонија, поради преминување на пропишаната старосна граница од 38 години, со писмо упатено до амбасадата на Бугарија во Скопје, побарале обезбедување на неопходни услови за преминување во единиците на војската на источниот сосед, објави „Курир“.

vojniciСо тоа се потврдува основата на информациите од Софија, со изјавите на претставникот на бугарската ВМРО, кои што инсистираат премиерот Пламен Орешански и министерот за одбрана Ангел Најденов да стапат во контакт со поранешните војници на АРМ и да ги вклучат во составот на бугарските вооружени сили.

Дел од македонските воени професионалци ја потврдиле „пријавата кај Бугарите“, со објаснување дека причините се исклучиво од егзестиционална природа.

Координаторот на групата на отпуштени професионални војници Илија Тодев изјавил дека тие сега се „на улица“ во категорија на социјално загрозени откако им е истечен договорот за ангажман во АРМ.

Официјално од Министерството за одбрана во изминативе неколку години укажуваа дека тие се товар и дека го теретат воениот буџет, наспроти фактот дека меѓу нив има и значителен број на лица со сертификати и признанија за учество во разни мировни мисии во светот, од Ирак до Авганистан.

Поради лошата состојба во АРМ, како што потврдил Тодев, војската ја напуштаат и официри, капетани, мајори … и заминуваат во странство на печалба.

Од Независниот синдикат на професионални војници на Македонија најавуваат дека до Владата на премиерот Никола Груевски ќе упатат барање за „дополнително сериозно разгледување на барањата на отпуштените војници“, со што би се спречил нивниот „трансфер“ во единиците на бугарската војска.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1