СКАНДАЛ: Министерството за земјоделство ѝ одзело земјиште на Стопанска банка-Битола?


Атрактивно градежно земјиште кај Дулието ги скара Стопанска Банка АД Битола и Министерството за земјоделие на Република Македонија, пишува интернет порталот Капитал. Од банката обвинуваат дека спротивно на законите, нивно земјиште било дадено на користење на Водостопанство Битолско поле. Дополнително, банката претрпела големи загуби и најавува судски процеси за утврдување на одговорноста.Screenshot_3

Инаку, земјиштето што ги скара Стопанска Банка Битола и Министерството за земјоделство, банката го доби некогашната Пелагонија Водстопанство, претпријатие кое пред повеќе години зело кредит од банката и не го вратило во пропишаниот рок. Поради тоа што кредитот не бил вратен, а управната зграда била впишана како хипотека во банката, во 2012 година Стопанска банка Битола ја извршила хипотеката поради невратениот кредит, а Пелагонија Водостопанство оди во ликвидација, па се трансформира во Водостопанство Битолско поле Битола.

Откако стекнала право на сопственост, Стопанска банка Битола поднесува барање за  откуп на земјиштето под самата зграда како и дворното место од околу 18.000 метри квадрати, земјиште кое има третман на  градежно и со тоа висока цена на пазарот на недвижности. Од Банката тврдат дека во Имотниот лист, во тоа време е заведено дека ова земјиште ниту еден правен субјект нема право  да го користи.

Проблемот се појавил на 23 февруари 2015 година кога бил склучен Анекс на Договорот што Министерството за земјоделство и Водостопанство Битолско поле Битола го склучиле во 2010 година, а во кој според Стопанска Банка Битола на водостопанската организација единствено на користење и била дадена управната зграда која е во сопственост на банката, но не и дворното земјиште каде се наоѓа зградата, како и земјиштето под самата зграда кое за цело време има третман на градежно земјиште.

Во имотниот лист за некогашната деловна зграда на Водостопанство до кој денес дојде Телевизија Орбис, стои дека Стопанска банка АД Битола е сопственик на вкупно 1592 метри квадратни деловни простории во зградата. Промената на сопственоста била запишана во мај 2013 година, откако банката го извршила решението за наплата на хипотеката за кредитот кој Водостопанство го зел од банката, а не го вратила.Screenshot_2

Во имотниот лист, пак, за земјиштето околу Водостопанство Битола поле, што се наоѓа на спорната локација кај Дулието, стои дека претпријатието располага со површина од 15.393 метри квадратни. Сопственик на земјиштето е Република Македонија, а

Министерството за земјоделие со Анекс на договор од 23.02.2015 година го пренесува стопанисувањето, користењето и одржувањето на системот за одводнување на Водостопанство Битолско поле.

Објектите што се предмет на интерес на Стопанска Банка Битола и Министерството за земјоделство се дел од една парцела, за која освен споменатите два имотни листа постои и трет кој не може да биде ставен на увид на јавноста затоа што во него се наведени објекти за кои нема запишани права на сопственост. Станува збор за помошни простории со различни квадратури.

Од Стопанска Банка Битола денес не успеавме да добиеме коментар за кавгата во која се најдоа со Министерството за земјоделие на Република Македонија. Неколкуте кратки телефонски разговори со менаџери на банката, не резултираа со ифнромации кои во оваа прилика би ја интересирале јавноста.stopanska banka bitola

Без коментар за проблемот се и во Министерството за земјоделие, каде пак и воопшто немаше кој да одговори на телефонските повици од редакцијата на Телевизија Орбис.

Познавачите на состојбите што ги консултиравме велат дека градежно земјиште на локација каква што е Дулието на влезот на Битола, може да достигне цена од околу 200 евра од квадрат. Математиката вели дека земјиште од 15.000 метри квадратни би достигнало цена од околу 3.000.000 евра. Деловен објект, пак, кој се наоѓа на таква локација може да достигне цена двојно поголема од цената на станбениот простор. Под претпоставка, зградата на Водостопанство да се продаде по пазарна цена од 1.000 евра од квадрат, тогаш би достигнала износ од околу 1.500.000 евра. Односно, ако се следат пазарните показатели, тогаш заинтресираните инвеститори би требало да потрошат околу 4,5 милиони евра за објектот и земјиштето околу некогашната деловна зграда на Водостопанство.

Orbis.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1