Мафијашка пресметка – бел прав фрлен врз убиениот во Козле (ВИДЕО)


Со по еден куршум во главата биле убиени турските државјани во Козле покажала обдукцијата на мајката и синот кои вчера беа убиени додека биле на гости кај сватовите во Скопје. Полицијата проверува со каков вид на пиштол е стрелано кон убиените преку вештачење на една чаура која е најдена на местото на убиството. Убиецот користел и пригушувач на оружјето, јавува Телма.kozle_ubistvo_thumb_medium500_380

По телото и околу устата на убиениот Самет С. од Бурса имало и траги од бел прав сличен на брашно, потврдија за Телма добро упатени извори. Таква порака се остава во гангстерски пресметки кога се работи за бизнис со дрога. Најдениот прав исто така е даден на вештачење.

Официјално ниту од полицијата ниту од обвинителството не прецизираат дали случајот е поврзан со можен шверц на дрога. Убиените не поминуваат ниту низ крим-евиденцијата на МВР ниту низ потерниците распишани преку Интерпол.

Од МВР чекаат одговор од турската полиција за минатото на убиените кои се од Бурса. Кратко одговараат дека на убиството во Козле се работи интензивно. Неколкумина биле подложени на детектор на лаги за да се утврди дали имаат можни сознанија за извршителот и за мотивите за двојното убиство.

На разговор во полиција биле повикани и роднините на убиените кои живееле во Скопје.

На жртвите не им е првпат да доаѓаат во Скопје. Убиениот бил зет на сопственикот на куќата кој вчера рано наутро ги нашол турските гости убиени во соба на долниот кат во куќата на Козле.

Никој ништо не слушнал, а вратата на куќата била отворена. Ќерката на сопственикот која му е сопруга на убиениот Самет спиела на катот кај родителите. Убиецот влегол и ги ликвидирал 52-годишната жена и нејзиниот син и си заминал без да ги забележи никој во мирното соседство на улица Козле 3, пренесува Телма..

Полиција

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1