Го врзале за крст и заклале: Албанци убија 17 год Италијанец поради девојка од Македонија


Дваесет годишниот Албанец Иљи Мета, со помош на својот пријател, 19-годишниот Марја Меме, го заклал 17-годишниот Италијанец, Исмаел Лули во сред шума, најверојатно поради љубомора.al1

Според италијанските медиуми, девојката на Иље, Амбера Салиџи (19), со потекло од Македонија, се гледла со Илмаеле, што било повод за страшното злодело.

Италијанските медиуми, посочуваат дека девојката Амбера, ја одиграла клучната улога во злосторството. Имено, од телефонот на Амбера била ипратена СМС порака до телефонот на жртвата, во која пишувало: “Дојди, сакам да те видам”, пишува српски Блиц.al2

По пораката, Лули тргнал да се најде со Амбера на автобуската станица, каде што се запознале за прв пат, но наместо на неа, налетал на две момчиња од Албанија.

Мета и Меме го повикале да замине со нив, и со автомобилот на мајката на Мета се одвезле покрај реката која поминува низ шума. Запреле во близина на црквичка, каде Лули добил удар во главата од кој се онесвестил, а бидејќи бил покрупен од двете момчиња, Мета го врзал со леплива лента за железен крст и му ја залепил устата.
Тука му го пресекол грлото со нож долг 18 см, по што Мета и Меме се искапале во реката за да ја измијат крвта. Полицијата го нашла ножот, како и мобилниот телефон на Лули, од  кој на неговата мајка и на девојката им биле пратени пораки. „Не барајте ме, го менувам животот, одам за Милано“, пишувало во пораките со цел да се забави истрагата.al
Откриено е и дека убиецот Мета, на Амбера и пратил порака на албански јазик: „Ќе го убијам“, која била проследена со погрдни зборови. Сепак, Амбера и покрај сé, тврди дека го сака убиецот и порачува дека ќе го чека.
„Уморна сум од криење. Ако можете, јавете му на мојот Иље, дека ќе го чекам цел живот и дека секогаш ќе го сакам“, викала Амбера од терасата кон новинар на Corriere Della Sera, кој дошол пред зградата во индустриската зона Лунано, во која живеат албански и марокански семејства.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1