Скандал на доделувањето на Нобеловата награда на Малала (ФОТО)


Нобеловата награда за мир денеска во Осло им беше врачена на Малала Јусафзај од Пакистан и на Кајлаш Сатјарти од Индија бидејќи тие ги ризикувале своите животи борејќи се за правата на децата.
Церемонијата накратко беше прекината кога млад непознат маж истрча пред Малала веејќи го знамето на Мексико. Се уште не се познати причините за инцидентот.

h_51698011-520x346
Малала изјави дека се надева оти таа награда ќе ги инспирира сите девојки во светот да се борат за своите права.

Таа е најмлада добитничка на Нобеловата награда за мир додека Сатјарти е на 60-годишна возраст.

h_51697959-520x780
Претседателот на норвешкиот Нобелов комитет Торбјерн Јагланд изјави дека сите деца имаат право на детство и образование, а не на принудна работа, истакнувајќи дека овогодишните победници најдобро ја одразуваат совеста на светот.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1