Демонстрант излезе на сцената на Евровизија во Лисабон за време на настапот на британската пејачка Сурај и ѝ го зеде од раце микрофонот .
Медиумите пренесуваат дека демонстрантот наводно викнал: „ Нацисти на британските медиуми, бараме слобода“.
Пејачката остана смирена и успеа да ја заврши докрај изведбата на песната „Бура“.
Од Европскиот радиодифузен совет соопштија : „Одговорното лице во моментов е во полициски притвор”.
Watch moment protester crashes SuRie’s performance mid-song #Eurovisionhttps://t.co/cZFDc4N1VI pic.twitter.com/hacfy99wFW
— The Independent (@Independent) May 12, 2018
Сурај одби да настапи повторно, велејќи дека нема „апсолутно никаква причина”, бидејќи „таа и нејзиниот тим се исклучително горди на нејзината изведба“.