Слаџа Гудураш која исчезна во средата наводно “на дело го фатила” својот поранешен партнер со белградски фризер и за тоа планирала и јавно да проговори, па се претпоставува дека и токму тоа е причината за нејзиното киднапирање.
Имено, пејачката Слаџа Гудураш од Бања Лука била најверојатно киднапирана пред неколку дена, а се претпоставува дека зад целиот настан стојат нејзиниот поранешен партнер и познат белградски фризер, пренесува босанскиот интернет портал Novi.
Според информациите со кои што располагаат тамошните новинари, Гудураш на дело го фатила својот, сега веќе поранешен партнер, во љубовна врска со фризерот, па токму и тоа била причината за прекинот на нивната врска.
Наводно таа сакала јавно да проговори за велиот настан, па се претпоставува и дека токму тоа е причината за нејзиното киднапирање. Полицијата соопштила дека веќе биле приведени на информативен разговор неколку личности кои би можеле да имаат информации за тоа каде е Гудураш.
За последен пат Гудураш била забележана како ја поминувала границата помеѓу Босна и Херцеговина и Србија, а на еден од профилите на Фејсбк пред неколку часа била објавена следната порака: “Ако некој во последните 48 часа ја видел Слаџа Гудураш или се слушнал со неа, доколку има било какви информации, ве молам нека ни се јави. Благодарам”.