Скандал: Распоп од црква од Сиднеј ќе задавел верник на црквата Св.Петка


Во црквата Св. Петка во Сиднеј на 17 Ноември имало вечерна богослужба, по неа верник З.Б, во дворот на црквата  го извадил мобилниот и сакал да направи неколку фотографии но бил спречен од  распопот Н.Д. кој викајки сакал да му го одземе мобилниот телефон, пренесува радио Илинден.

Како што пишува за да скандалот биде уште поголем, распопот го туркал верникот до оградата пред црквата и почнал да го дави со двете раце. Кога ова го виделе останатите верници, потрчале на помош. Се обиделе да го одвратат распопот но не успеале.

Сите сведоци на настанот биле шокирани, довикувале по распопот дека ќе го удави верникот но ни тоа не вродило со плод. Присутна верничка на инцидентот се јавила во полиција, по што тие веднаш дошле направиле записник, а исказ дале две жени кои сведочеле на немилиот настан.

Пред два дена требало да биде одржано и рочиште на суд, но распопот не се појавил, па наредното рочиште е закажано за 11 Декември, пишува радио илинден.

Извор – Радио Илинден 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1