Директорот на српската полиција, Милорад Вељовиќ и шефот на албанската мафија Ќазим Феликс Османи, познат како главен нарко-бос на Балкан, цели 13 минути разговарале во машки тоалет во хотел „Зира“, единственото место без видео надзор.
Како што пренесе српски „Курир“, Вељовиќ и Османи во недела биле во ист хотел, меѓутоа освен што претстојувале во ист хотел, првиот човек на полицијата и шефот на кланот Османи имале тринаесетминутна средба во тоалетот.
Наводно Вељовиќ бил на свадба, додека најголемиот трговец на наркотици на Балканот, во истиот хотел изнајмил соба.
Терасата на хотелот на која, Ќазим пиел кафе со своите пријатели, била веднаш до салата, каде што била организирана свадбата, на која што гост бил и директорот на српската полиција.
Репортерот на „Курир“ го видел Вељовиќ како три пати излегува да телефонира, на терасата на која што седел Османи, меѓутоа тој наведува дека само еднаш се сретнале.