Француското Министерство за здравство објави дека 14 322 жени трудници во Франција го конзумирале лекот Депакин, што значи и натриум валпроат, активната состојка на лекот, која е штетна за фетусот.
Истовремно, Министерството соопшти дека подготвува план за отштета на жртвите, кој ќе биде изгласан во парламентот на крајот од годината.
Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, според извештајот на санитарните власти, лекот го земале секои 2 од 1000 бремени жени, кои родиле 8701 живо дете. Студијата не кажува колку од родените деца се погодени од последиците од лекот. Но се знае дека 30 отсто од трудните жени ги изгубиле децата пред пораѓањето.
Имено овај лек се издава за третман на епилепсија. Од 2015 година, овај лек повеќе не им се препишува на трудниците во Франција.