Скандал во Грција: Во Парламентот со Зеленски се обрати и борец на нацистичкиот батаљон Азов


Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес преку видео врска се обрати на грчкиот Парламент. Видеообраќањето на украинскиот претседател се пренесуваше во живо, преку Собранискиот канал

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски покани Грк кој се бори во неонацистичката единица Азов да се обрати пред грчкиот Парламент.

Зеленски сакаше да покаже дека грчката заедница во Украина, која е особено бројна во опколениот град Мариупол, е тешко погодена од војната. Но, ова предизвика бурни реакции, затоа што Азов е неонацистичка единица со многу проблематично минато.

Грчкиот левичарски политичар Јанис Варуфакис реагираше на потегот кој го направи Зеленски.

,,Зеленски ја злоупотреби поканата од грчкиот Парламент со тоа што ја сподели говорницата со членови на неонацистичкиот баталјон Азов. Со тоа, тој ја изруга херојската борба на украинскиот народ против криминалната инвазија на Путин. Ние стоиме рамо до рамо со Украина, но не и со неонацистичкиот баталјон Азов, порача грчкиот левичарски политичар Јанис Варуфакис.

Инаку, Грција се понуди и ќе ја обнови болницата во Мариупол која ја оштетија руските трупи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1