Скандал во Лондон: Хулиган се обиде да ги нападне Ѓоковиќ и Нишикори (ВИДЕО)


На почеток од полуфиналето на завршниот мастерс во „О2“ арената во Лондон меѓу Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори, се случи голем инцидент, кој за среќа беше спречен.huligan-620x350

Гледач сакаше да втрча на теренот токму пред почетокот на вториот гем, кога Јапонецот се подготвуваше за сервис.

Обезбедувањето брзо реагираше и го запре хулиганот пред трибините, зад рекламите кои го опкружуваат теренот.

Камерите веднаш го тргнаа кадарот од инцидентот, но на момент фокусот на режисерот се врати на тој миг, па можеше да се види што се случува во „О2“ арената.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1