Скандал во охридската болница: Болничар и го украл златото на почината пациентка


СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С. (46) од с.Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,тешка кражба“ и ,,злоупотреба на службена положба и овластување”.

Пријавениот, вработен како болничар, на 05.овој месец околу 11.25 часот во интерно одделение, откако била констатирана смрт на Т.Ј. (81) од Охрид, одзел пар златни обетки и златен прстен. Истиот ден околу 14.30 часот во златара
пријавениот ги понудил на продажба обетките и прстенот, на вработена којашто била внука на оштетената, и ги препознала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1