На тринаесетгодишен ученик во ОУ во Бутел вчера му биле нанесени повреди од стап од страна на негов наставник. Како што соопшти МВР, настанот вчера во 16,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје го пријавил неговиот татко Д.Б.(45) кој изјавил дека истиот ден околу 12,30 часот во Основно училиште во населбата Бутел, за време на настава на неговиот 13-годишен син од страна на наставник со употреба на дрвен стап му е нанесена телесна повреда по рацете и вратот.
– Веднаш по пријавувањето на настанот било излезено на местото на настанот од страна на полициски службеници од Полициската станица Чаир, наведуваат од МВР.
За случајот бил известен Јавен обвинител и се работи на негово целосно расчистување