Скандал во Србија: Низ цела земја продавале расипани торти украдени од депонија


Околу 18 илјади расипани торти биле украдени од депонија во Крагуевац и биле продавани низ цела Србија, поради што биле суспендирани 10 работници на локалното комунално претпријатие, јавува Блиц.

josif-k-trovao-decu-eurokrem-cokolada-dubiste-deponija-vrsac-1358377940-254539

Работниците се осомничени дека, во организирана акција, тортите земени од отпадот им ги продавале на граѓаните, како што за Блиц кажал директорот на „Чистоќа“, Дејан Раониќ.

Кражбата се случила на 24 декември, а низ цела Србија оттогаш биле продадени неколку илјади торти од депонијата.

„Во приватна фирма која прави торти исклучиво за извоз во Европска Унија се расипал еден од фрижидерите, па инспекцијата решила сите торти да се фрлат на отпад. На тортите се појавил тенок слој мувла, па било наредено да се ископа дупка и сите торти да се закопаат на депонијата.

Но, тоа не се случило, туку организирано, работниците почнале да ги земаат тортите. „На снимките од видео-надзорот можело да се види како тортите се одвезуваат со трактори, па дури и со службен камион кој служи за превоз на погломазен отпад. Суспендирани се сите, од шефовите, па до обичните работници“, изјавил Раониќ.

Тортите, откако инспекцијата решила да бидат фрлени, на депонијата стигнале спакувани и замрзнати. Станувало збор за 13,5 тони торти кои биле продавани по „многу поволни цени“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1