Скандал во затвор: Си ја силувал сестрата во собата за посети


Уште еден во низата скандали од австриските затвори денес ги преполни насловите страници на австриските весници.
Во затворот „Стеин“ во Австрија во ќелијата за интимни средби еден од затворениците ја силувал својата полусестра.
siluvanjeЗлосторството се случило во февруари минатата година, но жената дури сега поднела кривична пријава. Сеуште не е познато зошто токму сега решила да проговори, но медиумите шпекулираат дека најверојатно била исплашена поради тоа што нејзиниот полубрат требало наскоро да биде пуштен на слобода.
Четириесет и три годишната жена на почетокот од февруари заедно со својот сопруг дошла во затворот во посета на својот полубрат. Откако малку поразговарале, затвореникот побарал од чуварот да ги префрли во собата за интимни средби за да можат послободно да разговараат за „семејните проблеми“.
Според изјавите на жртвата, нејзиниот полубрат ја силувал токму во собата за интимни средби, иако во секоја од просториите за посета постои копче за итни ситуации, а чуварите после секоја посета на затворениците прашуваат дали се било во ред. Жената тогаш не пријавила ништо.
Во изјавата пред полицијата, таа сега посочила дека молчела од страв дека нејзиниот полубрат може да му наштети на нејзиното семејство. По инцидентот таа повеќе не го посетила својот полубрат. Истрагата е во тек.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1