На интернет страната “Pik.ba” на 5-ти ноември оваа година се појавил навистина дегутантен оглас, во кој засега непознато лице за 22 евра продавало 7-годишно дете, кое наводно, се вика Сенад, пишува Blic.
Лицето кое го поставило огласот, поставило и фотографија од детето.
Откако новинарите го забележале огласот и побарале објаснување од оваа интернет страна, огласот бил отстранет. Огласот за две седмици бил прегледан од 120 интернет корисници.
“Службениците од Федералната управа на полицијата се запознаени со огласот и ќе извршат проверка во склад со своите надлежности, поради утврдување на евентуални елементи на кривична одговорност на лицето кое го објавило наведениот оглас”, соопштиле од полицијата во Босна.