СКАНДАЛОЗНО Функционери на ДУИ го тргаа македонското знаме среде Скопје


Функционери на Демократската унија за интеграција побарале да се тргнат државните знамиња поставени покрај спомен-плочата на местото каде некогаш се наоѓала куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје, јави Алсат-М.

NANA_TEREZ_997608311_640420545Според телевизијата, на одбележувањето на 17-годишнината од упокојувањето на нобеловката Гонџа Бојаџиу, од Здружението „Скопјанката Мајка Тереза“ биле поставени две државни знамиња на двете страни од плочата, но функционери на ДУИ, кои дошле да положат цвеќе, побарале да се тргнат знамињата.

Пратеникот Рафиз Алити не сакал да го коментира отстранувањето на државните знамиња или тоа што немалое албанско знаме. За тоа што спомен-плочата е на македонски и англиски јазик, Алити одговорил дека цел свет знае која е Мајка Тереза.

– И покрај плочата, Мајка Тереза самата се изјасни на која заедница ѝ припаѓа, така што во светот се знае дека таа се изјасни дека е Албанка. Но, таа беше мајка на сите деца на светот, мајка на сиромашните во светот. Што се однесува до плочите, секако дека со време реалноста е реалност и плочата ќе биде и на албански јазик – изјавил Алити.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1