Ученик од Kарпош освои злато на олимпијада по роботика


Осмоодделенецот Матеј Предовиќ од Основното училиште „Војдан Чернодрински“ го освои првото место на втората олимпијада по роботика што се одржа од 27 до 29 август годинава во Зрењанин. Учествуваа ученици од цела Југоисточна Европа, а освен осмоодделенци, со свои изуми се претставиле и средношколци и студенти. Меѓу нив Матеј, кој се закити со злато, бил најмалиот натпреварувач.

498515-robotСпоред неговиот ментор, професорот по техничко образование Лазе Смилески, станува збор за ученик кој има просперитет и афинитет да стане вистински роботехничар.

– Роботот што победи во ова натпреварување има цел да служи за војската и да ги наоѓа непријателите. Тој може да служи за научниците, да истражуваат опасни животни и да ги испитуваат, се користи во градежништвото за испитување цевки итн. Може да се користи за пронаоѓање бомби поставени под автомобил – истакна Предовиќ.

Матеј го изработил и софтверот преку кој се управува робот-тенкот, а инсталирана е и камера на самиот робот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1