Грците пукаат во воздух да не им се вратат Сиријците – бараат пари и од ЕУ – Македонија сама се справува


Доаѓаат во Македонија од сите страни. Покрај Вардар, покрај пругата, низ лозјата, со воз…, раскажуваат гевгеличани. За нив, илегалните мигранти, кои нелегално влегуваат од соседна Грција и се обидуваат да стасаат до западна Европа, одамна се дел од секојдневието. Најчесто се Сиријци, Ирачани, Авганистанци, Пакистанци… Мирни се, велат, од мака се дојдени, а овдека се само транзитно, одат во Европа да бараат азил.

МВР оваа недела откри неколку групи од неколку десетици мигранти, најмногу Сиријци и Ирачани, кои со воз илегално влегле од Грција.

Но, илегалците се возат и со домашни возови. Оваа недела полицијата во Велес откри група илегалци што патувале со патнички воз Гевгелија-Скопје.

Оние што не се кријат во возови, пеш доаѓаат до Гевгелија и бараат транспорт за да го продолжат патот на север. Автобуската станица спроти железничката работи од 5 до 21 часот и има многу почести линии за Скопје.

begalci– Повеќе одат со воз, но одат и со автобуси. Имаме пет линии за Скопје, а патници ни се и Сиријци, но има и Германци, Швеѓани – раскажува вработен на автобуската станица. Kако и сите гевгеличани, и тој е навикнат на странци – и на туристи и на мигранти.

– Некни нашите вратија една група, ги фатија тука, на граница. Грците пукаа во воздух, за да ги исплашат, да се вратат пак кај нас. Kој ќе ги фати, гледа да ги врати од другата страна. А тие, од мака доаѓаат, не дека за тука тргнале од дома, од војна бегаат, одат да бараат азил на Запад – вели Митко Јанев, земјоделец од Моин.

– Ама многу се мирни. Ги гледаме често и во Гевгелија. Никогаш со нив немало проблеми. Гледаат само како да го продолжат патот – вели Миле, кој работи како приватно обезбедување во градот.

МВР официјално потврди дека во четвртокот во товарен воз во Гевгелија открило група странски државјани во обид илегално да ја минат границата. Илегалците биле откриени во 10.15 часот од цариниците и железничките работници.Screenshot_52

– Во товарен воз, кој сообраќал на релација од Солун за Kосово откриени се вкупно 50 странски државјани од Авганистан, Сирија и Пакистан, кои се обидувале нелегално да ја преминат границата од Грција во Македонија. По преземени мерки лицата се предадени на граничниот премин Идомени, Република Грција – соопшти МВР. Полицијата соопшти дека со групата биле предадени и тројца илегалци што ги откриле полицајците од Валандово.

Грчкиот бран ја преплавува и Македонија

Нови 63 милиони евра побарала Грција од фондовите за итни случаи на Европската Унија за да се справи со зголемениот наплив на мигранти што доаѓаат од кризните подрачја во Африка и Блискиот Исток. Грчката влада е во паника.

Во меѓувреме грчката мигрантска опасна зона има своја директна рефлексија во Македонија. Бегалците и азилантите од кризните подрачја не се задржуваат во Грција, туку транзитираат преку Македонија, Бугарија, Албанија. Имено, истиот ден кога јужниот сосед побарал дополнителна помош од ЕУ, граничната полиција во воз кај Гевгелија откри 50 странски државјани од Авганистан, Сирија и Пакистан, кои се обидувале илегално да влезат во Македонија. А само минатата недела се фатени повеќе од 150 луѓе. За разлика од Грција, па и од Бугарија, како земји-членки на Унијата, земјава нема право да ги користи фондовите на ЕУ за овие намени.

Dnevnik.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1