Според последните податоци на МВР, од вчера наутро до денес границата кон Македонија ја поминале 163 деца мигранти. Фрапантен е податокот што дури 25 дечиња од Грција биле пуштени кон Македонија без придружба на родител.
Зошто Грција не им помогнала на овие деца и како тие сами дошле до граница? Нашиот јужен сосед со крајно нехуман потег дејствува на прашањето за мигрантите.
Мигрантите сведочат дека грчките власти организирано ги носат нив на границата кон Македонија.
Македонија по ова прашање стриктно ги спроведува законите. На мигрантите им се даваат потврди, се пренесуваат со возови, им се доделува храна, вода, средства за хигиена.
Очекувано, опозициската партија на оваа чувствителна, но и загрижувачка тема, реши да тера пропагандна политика.
Додека полицијата и војската вложуваат максимални напори да се справат со состојбата, потпретседателката на СДСМ Ременски дава изјава на границата, што е класична злоупотреба на ваквата состојба во која се наоѓа Македонија.
Генералниот секретар Оливер Спасовски одлучи да се осврне на оваа проблематика да се промовира преку интервји за „Фактор“.