СКАНДАЛОЗНО: Мртовечки венец испратен за новинарот Борјан Јовановски


Грозоморен настан се случил вчера пред домот на семејстовото на новинарот Борјан Јовановски. На вратата на домот затропало непознато лице, а откако отворила неговата сопруга Амернис Нокшиќи, непознатиот посетител го побарал Јовановски. Збунетата сопруга на Борјан на чудниот посетител му рекла дека новинарот е на пат.

Тогаш, тој и дал погребен венец и и рекол:

– Ова е подарок од Тодор Александров.borjan

Веднаш потоа сторителот на овој кукавички акт избегал.

Семејството на Борјан Јовановски повикало полиција и во моментот се врши пријавување на кривично-правниот настан.

На Фејсбук веќе проструи веста за оваа грозоморна закана и кукавичко вознемирување на семејството на новинарот, кој е еден од најголемите критичари на власта на Никола Груевски.

Утре во 12 часот, пред Владата на Република Македонија, колегите на Борјан Јовановски, ќе му го вратат погребниот венец на нарачателот на чудната пратка, наменета да го заплаши новинарот кој ја критикува власта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1