Тешката авионска несреќа во која минатиот месец загинаа 33 лица намерно ја предизвикал пилотот. Според извештаите на Институтот за цивилно воздухопловство на Мозамбик, минатомесечната авионска несреќа била намерна.
Имено, пилотот намерно го срушил авионот во кој загинаа 33 лица, пишува Би-Би-Си.
Авионот, на 29 ноември леташе од главниот град на Мозамбик Мапута кон Ангола кога се сруши во Намбија. Шефот на Институтот за цивилно воздухопловство рекол дека постојат индиции дека пилотот извел низа маневри кои довеле до пад на леталото, а истрагата и понатаму се продолжува.
Пилотот Херонимо дос Сантос Фернандес ги игнорирал звуковите на предупредувањата во кокпитот како и чукањето по врати што јасно се слуша од снимката на срушеното летало.