Скопје гради еколошки штит – Пречистителната станица


Скопје го гради својот најголем еколошки штит! – напиша на социјалните мрежи градоначалникот Ѓорѓиевски.

,, Проектот кој со децении беше само неопходност и надеж, денес забрзано се гради и станува реалност.

Пречистителната станица за Скопје е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, комплексен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти кој ќе донесе историска промена во заштитата на Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните.

По првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, денес изградбата се одвива со забрзана динамика и согласно планираниот работен план.

Речиси 40% од градежните работи се веќе завршени!

Согласно договорот склучен меѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и изведувачот, завршувањето на градежните активности е предвидено во првата половина на 2028 година.
Потоа следуваат две години пробна работа, која треба да заврши во првата половина на 2030 година.

Ова значи почист Вардар, поздрава животна средина и посигурна иднина за генерациите што доаѓаат.

Најголемиот еколошки проект во Македонија забрзано напредува, затоа што Скопје заслужува чиста, модерна и европска иднина!,, напиша Ѓорѓиевски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1