Скопјанка со секира си го убила сопругот – ОЈО поднесе обвинение


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 50 година поради извршено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

„Обвинетата на 1 мај 2019 година, во својот дом во Студеничани, при вршење семејно насилство, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По претходна расправија, таа ја зела секирата која била во близина и во дворот на семејната куќа му задала три удари со сечивото на сега починатиот.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор бидејќи ценеше дека постои опасност од криење и бегство на обвинетата“, информираат од Обвинителството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1