Полицијата привела скопјанец, кој се обидел да шверцува тројца мигранти, а откако се обидел да избега удрил во полициско возило.
Во петокот вечерта околу 20.30 часот во близина на раскрсницата на патот Гевгелија-Богданци полицајците забележале возило со мигранти, кое се упатило кон село Богородица, а потоа по автопатот Е-75 кон Скопје.
На автопатот во правец од Гевгелија кон Скопје полицајците му дале знак на возилото да застане, но при обидот да го прегледаат возилото, тој нагло го стартувал и удрил во полицискиот автомобил.
Откако автомобилот застанал, возачот избегал преминувајки преку металните огради на автопатот, по што од страна на полициските службеници е фатен иако при приведувањето давал отпор.
Во автомобилот „БМВ“ биле најдени тројца сириски државјани без документи за идетификација. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.