Скопјанец, вработен во секторот здравство, во 2013 примал месечна плата од 85.000 евра, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Негов сограѓанин пријавил 242 милиони денари или над 39 милиони евра годишен приход, што е највисок годишен бруто приход во Македонија. Банкарството и телекомуникациските услуги кои доминираа изминатите години на листата на највисоки плати, оваа година не се помеѓу првите десет.
Даночен обврзник од Тетово, по основ на издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот, пријави приходи од имот и имотни права во висина од над 46 милиони денари, додека авторски права и права од индустриска сопственост, обврзник од Скопје пријавил над 33,2 милиони денари.
Според остварените бруто приходи во Годишните даночни пријави во 2012 година, со над милион денари се 13.793 граѓани, меѓу 100.000 и милион денари се 165.174, од 10.001 до 100.000 денари се 38.166 даночни обврзници и до 10.000 денари се 17.098 обврзници.