Скопјанец избоден и ограбен во стан


Триесет и двегодишен скопјанец бил нападнат, избоден и ограбен од двајца напаѓачи кои влегле во станот во кој тој престојувал, соопшти скопската полиција.

Инцидентот се случил вчеравечер, околу 20.45 часот во стан кој се наоѓал на улицата Шидска, сопственост на братот на жртвата Д.С.noz

Според неговата изјава тој бил нападнат од две лица.

– Во станот на неговиот брат, бил нападнат од страна на две непознати лица. Едниот од нив со остар предмет го повредил во пределот на раката, по што успеале да пронајдат и одземат околу 400.000 денари и го напуштиле местото на настанот. Пријавителот бил пренесен во Ургентниот центар Скопје за укажување на лекарска помош, стои во официјалната информација на МВР.

Засега не е познато кои се двајцата напаѓачи, како влегле во станот и дали се познавале со жртвата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1