Скопјанец ја повредил со тесла снаа- жената е во животна опасност


Скопјанец ја повредил со тесла својата снаа од брат поради нерасчистени имотно-правни односи.Инцидентот се случил вчера околу 20 часот во селото Мирковци кога 59-годишниот Б.П. и нанел неколку удари во пределот на главата на 54-годишната С.П.

Повредената е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје и се наоѓа во животна опасност.

Б.П. е приведен во полициската станица Кисела Вода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1