Скопјанец купувал телефони со картички на Американци


Скопјанец со банкарски податоци од платежни картички во сопственост на американски државјани купувал телефони на македонски интернет продажни места.

Во периодот од мај до јануари годинава ги прибавил податоците од картичките и извршил девет успешни нелегални трансакции со четири фалсификувани платежни картички во вкупен износ од 104.439 денари и 13 неуспешни нелегални трансакции со четири различни фалсификувани платежни картички во вкупен износ од 177.480 денари и 1.940 американски долари.cards_1774129b

Купил мобилни телефони Samsung SM-G900F Galaxy S5 LTE Black Color, HTC Desire 500 бела боја, LG G3 S D7 црна боја, Samsung Galaxy S4 GT-I9506, Smartphone Samsung S5 Mini SM-G800 black.

Скопјанецот исто така на 6 февруари телефонски се јавил на сопственикот на едно од продажните места и се претставил како вработен во МВР , односно како “инспектор Тодоров” кој раководел со акцијата и бил задолжен за испорака на телефонот марка “Samsung S5”, црна боја, и рекол дека потребно е да се врати телефонот на фирмата за брза испорака и да се достави до лицето бидејки работеле на случајот.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика добил повеќе пријави од Уни банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка, како и пријава од Американска амбасада за злоупотреба на платежни картички на нивни државјани во повеќе македонски интернет продажни места.

Скопјанецот при вршење на нелегалните трансакции односно при нарачките на производите на интернет се претставувал во име на две лице, а производите барал да му бидат доставени во една од продавниците на пластичарската улица.

Постапувајќи по пријавите преземени се оперативни проверки, а по претходно издадена судска наредба извршен е и претрес во домот на скопјанецот каде се пронајдени и одземени повеќе фактури за нарачувани производи од повеќе продажни места, лап топ компјутер, сим картички, повеќе мобилни телефони и усб стикови.

Исто така меѓу пронајдените производи пронајден е телефонски апарат на кој се користени сите три спорни мобилни броеви кои се користени при извршување на нелегалните трансакции како и бројот од кој лажно се претставувал како полициски инспектор.

Против него е поднесена кривична пријава за изработка и употреба на лажна платежна картичка и за лажно претставување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1