Скопјанец мамел малолетници на социјални мрежи, неговиот дом магацин за детска порнографија


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против В.Б. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.facebook 444

Полицијата дошла до сознание дека пријавениот преку социјалните мрежи за комуникација остварил контакти со малолетни лица при што биле разменети фотографии во електронска форма со експлицитна содржина.

По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот и други простории на пријавениот и притоа полицијата пронашла компјутерска опрема во која, по извршена форензичка анализа, биле пронајдени фото и видео материјали со порнографска содржина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1