Скопјанец на својот роденден доживеа вистински пекол


Во Полициската станица во Ѓорче Петров во 00.30 часот Е.С.(49), пријавил дека на 05.03.2016 година околу 21.00 часот неговиот 15 годишен малолетен син кој прославувал роденден со неговите другари, во близина на ОУ„Ѓорче Петров“, тргнале да земат пијалак во блиската продавница и биле пресретнати од страна на засега непознато лице со безбол палка заедно со други две лица.policija mk koli

Тие тројцата дошле до оштетениот и неговите другари и физички го нападнале на тој начин што го фатил за врат и го турнал во грмушки. Потоа се обидел да го удри со тупаница, но оштетениот избегал и телефонски го пријавил настанот.

Кога тргнал кон ПС-ОН „Ѓорче Петров“, еден од насилниците ја земал палката и се обидел да го удри оштетениот во пределот на главата, но не успеал во намерата. По настанот оштетениот со двајца негови другари отишле пред ОУ„Ѓорче Петров“, каде за кратко време пристигнале полициски службеници од ПС ОН„Ѓорче Петров“. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1