Меџити – Ако може цела зоолошка, зошто не и еден двоглав орел?


Ако може во Скопје да има и лавови и бикови, можеби целата зоолошка градина, зошто да не и двоглавиот орел кој е од овој крај, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.izet

Прво, не може да биде двоглавиот орел како претекст за тоа што е преземено во Бутел и преку ноќ донесената таква одлука, бидејќи овој симбол не е донесен за инает кон другите, туку за вреднување на симболот на Албанците и се базира на одлука донесена од програмата во 2012, а како посебна одлука во 2015 година, почитувајќи го принципот на Бадентер.

Второ, ако може во Скопје да има и лавови и бикови, можеби целата зоолошка градина, зошто да не и двоглавиот орел кој е од овој крај. Не може да се поставува таква паралела и квантитативно ако се гледа, бидејќи се поставени стотина споменици од другата страна, каде реално еден Македонец и не ги познава повеќето од нив кои се и што се. А во Чаир во овие десет години ги поставивме Скендер-бег, Хасан Приштина и двоглавиот орел. Ни квалитативно, ни квантитативно не може да се воспостави таква паралела или да биде претекст за поставување крст. И во однос на крстот, и да беше одговор на двоглавиот орел, логично беше таму да се постави лав или некој етнички симбол на Македонците. Наш став е дека не смеат да се злоупотребуваат верските симболи за дневна политика. Но, ризично прашање е и нема сила за да нè упати ние да влеземе во таква игра и да возвратиме со минариња или друго. Бидејќи Албанците припаѓаат на три верски заедници. Ние цениме дека минарето треба да биде до џамија, а крстот над црква или манастир. Не е место на крстот или на минарето на сред крстосница или на улица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1