Скопјанец нападнат во близина на Сити Мол, едвај избегал од насилниците


На 17.10.2016 година во 23:20 часот во полициската станица Карпош, Д.Б. (19) од Скопје пријавил дека бил нападнат

Имено, истиот ден околу 22:25 часот, додека управувал возило „Форд Ескорд“ со скопски регистарски ознаки, од страна на неколку непознати лица имало обид за насилство врз него. Во наведеното време, додека го управувал возилото, во кое на задното седиште како сопатник била Н.Н. (18) од нас.Нерези-Скопје, забележал како позади него се движи возило „Форд Ескорд“ со тетовски регистарски ознаки од кое му биле давани светлосни сигнали.siti mol2 mk

Кога пристигнал во близина на ТЦ-Сити Мол, бил престигнат од наведеното возило кое му го блокирало патот. Од возилото излегле неколку непознати лица.

Возачот, држејќи нож во раката, се обидел да ја отвори возачката врата, додека пак друго лице, држејќи дрвена палка во рацете, се обидел да ги отвори останатите врати од возилото на Д.Б.. Во еден момент Д.Б. успеал да избега со возилото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1