Скопјанец ограбен додека бил на одмор: Крадците заминале со богат плен


Вчера во ПС-Центар, В.Б.(54) од Скопје пријавил дека во периодот од 25.07.2017 до 01.08.2017 година од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во неговиот стан на ул. „11-ти Октомври“, при што сторителот насилно ја отворил влезната врата од станот.

По влегувањето внатре извршил пребарување и одзел разновиден златен накит (пари, ланчиња, обетки, нараквици, привезоци, прстени, накит “Сваровски“), пиштол „Берета“ калибар 9мм, кој го поседувал со дозвола и две рамки со 17 куршуми, а потоа го напуштил местото на настанот.

Проценетата штета изнесува околу 450.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1