Младиот скопјанец Д.Н. е тешко повреден, кога паднал во дупката за лифтот додека работел на негова поправка во зграда на „Теодосиј Гологанов“.
Скопјанецот бил вработен во фирма за поправка и одржување на лифтови.
Додека работел, тој паднал во дупката на лифтот и заработил тешки повреди.
Д.Н. бил пренесен на скопскиот Ургентен во неконтактибилна состојба.