Скопјанец починал на отворањето на „Охридско лето“


Скопјанец, роден 1954 година, починал откако му се слошило за време на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“.

Присутни на трагичниот настан, за Супер радио и Охрид прес, потврдиле дека лицето се пожалило дека не му е добро и побарало помош.

Следела брза реакција на екипите на Итната медицинска помош и лекари од Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – „Свети Стефан”, во Охрид.

Скопјанецот бил реанимиран, по што околу 22 часот бил пренесен во Кардиолошкиот завод. Поради тешката состојба во која се наоѓал, починал 45 минути по полноќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1