Скопјанец претепан додека со сопругата шетале покрај СЦ „Борис Трајковски“


В.Д.(40) од Скопје, пријавил дека околу 00.05 часот на булевар „8-ми Септември“ поточно на излезот од паркингот кај Спортски ценатр „Борис Трајковски“ бил физички нападнат од лице кое управувало возило „Тојота Ланд Крузер“.

Додека пријавителот со неговата сопруга се движеле пеш, при разминување со посоченото возило од него излегло едно лице кое физички го нападнало пријавителот нанесувајќи му видливи повреди.

Откако биле раздвоени од две лица кои исто така биле во возилото, сторителот со возилото тргнал кон пријавителот и удрил во канделабра, а притоа го удрил и пријавителот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1