Вчера во 15,00 часот во Полициска станица Центар, Д.П. (29) од Скопје пријавил дека истиот ден во 12.45 часот на ул. „Аминта Трети“ во Скопје непознат сторител му извршил разбојништво.
Додека Д.П. бил со негов другар, од патничко возило „Ауди А6“ излегло непознато лице и почнало да го навредува и да му се заканува.
Потоа им се приближило друго непознато лице, кое исто така, им се заканувало. Набргу потоа, на истата улица се паркирало патничко возило „Мерцедес“ од каде излегле три непознати лица кои физички го нападнале Д.П. удирајќи го со тупаници и клоци.
Тие се обиделе да го стават во гепек на возилото „Мерцедес“, но во тој момент еден од сторителите му го одзел мобилниот телефон, а Д.П. успеал да избега.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.