На 25.11.2015 година околу 10.00 часот во Скопје, на ул. „Наум Чакаров“ во својот стан бил пронајден починат Илија Ц.(59). Го пронашла неговата сосетка М.Т.(46) која имала клуч од станот. Смртта била констатирана од страна на лекар од ИМП.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје. По наредба на ЈО, телото е предадено на Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција.