Скопјанец се обидел да силува жени среде бел ден во Центар


СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршени две кривични дела – “силување во обид“ каде со употреба на сериозна закана и физичка сила се обидел да изврши обљуба врз оштетените, но истиот бил спречен во намерата.kej vardar tocak

-За извршените кривични дела, од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Кривичните дела, пријавениот ги извршил на 17ти овој месец околу 17 часот на подрачје на општина Центар. Едното кривично дело го извршил ул.„Кеј 13-ти Ноември“ на пешачката патека, врз оштетена странска државјанка која што во тој период трчала на трим патеката, а вториот обид го извршил на бул. „Крсте Мисирков“, поточно во близина на Адвокатската улица, врз оштетена којашто поминувала по улицата, информираат од полицијата.

А.С. минува во крим евиденциите на МВР и против истиот поднесени се четири чривични пријави за извршени четири кривични дела од областа на имотните деликти.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1