Скопјанец ноќеска се заканувал дека ќе се запали себеси и зградата во којашто живеел на улица „Илинденска“, во центарот на Скопје.
По целовечерна драма, 50-годишниот К.Л. утрово бил приведен и кај него било констатирано присуство на алкохол во крвта.
Според полициските информации, неговата сопруга пред полноќ пријавила семејно насилство во станот. Човекот држел плинска боца во рацете и се заканувал дека ќе се запали, се затворил во станот и фрлал предмети од тераса, јавува Макфакс.
Полицајци и пожарникари цела вечер биле пред зградата, а останатите станари биле евакуирани.
Според информациите на порталите, скопјанецот претходно ги нападнал сопругата и синот, а според сe уште непотврдени информации тој претходно работел како телохранител.
Тој е приведен и сега се наоѓа во полициска станица.
Foto – Makfax