Скопјанец си препишал државен имот и го продал


Со лажна пресуда продал државно земјиште и заработил 50 ијади евра. 55 годишен скопјенец успеал да го измами катастарот и да обезбеди купувач за атрактивен  плац во Нерези  кој  не бил во негова сосптвеност.

Најпрво фалсификувал исправа од Основниот Суд 2,  дека имотот кој се водел на државата, преку пресуда е прфрлен на негово име. Со лажниот документ во катасарот побарал да се смени сопственост на земјиштето.novac-pare-mito-1391561780-440269

Катастарот преку пријавата за отсранување на техничка грешка,  5000 метри  квадратни му ги препишува на 55 годишниот В.Л.  Откако административно си ги завршил работите , за да го прекрие делото веднаш преминал кон продажба на парцелата.

-Купувач е лицето О.Д. кој пак согласно преддоговорот на 15.01.2015 година уплатил на трансакционата сметка на сопругата на пријавениот капар, однсно аванс -паричен износ од 460.000 денари, а потоа уште во два наврати на 11.03. и 21.04 годинава на истата трансакциска сметка од страна на купувачот биле префрлени 462.000 денари и 861.000 денари, изјавија од МВР.

Преку оперативни мерка одделот за економски криминал успеал да го уапси 55 годишниот скопјанец против кој е поднесена кривична пријава и му е одредена мерка притвор во трање од 8 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1