Скопјанец со нож и сатар се обидел да ја убие сопругата


44 годишен скопјанец ќе одговара за сторено кривично дело Убиство (во обид).tepacka1-1-

Осомничениот во неделата ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки телесни повреди. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок било и едно од трите деца на брачните партнери. По извршеното кривично дело, осомничениот беше лишен од слобода, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Јавен обвинител по увидот на лице место донесе Наредби за вршење на потребни вештачења, собирање на траги од лице место како и сослушување на повеќе лица со цел расветлување на настанот.

-Ценеjќи дека се исполнети законските основи, обвинителството достави предлог до судија на претходна постапка за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот беше прифатен од судот, па со Решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од триесет дена, се вели во соопштенито.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1