Дваесет и шест годишна тетовка вчера околу 22.30 часот пријавила уцена од Џ.З. (24) од село Радишани, скопско.
Таа со него во декември лани остварила контакт преку Инстаграм. а пред извесно време Џ.З. почнал да и се заканува. Тој и пишувал пораки дека лично и семејно ќе ја уништи, по што побарал да му испрати интимни фотографии. Плашејќи се за својата безбедност, таа му испратила една фотографија, а Џ.З. и се заканил дека ќе ја објави фотографијата на Фејсбук и дека ќе ја компромитира на различни начини, ако не излезе со него.
МВР информира дека работи на целосно расчистување на случајот.