Вчера лицето С.Е. (24) од Скопје пријавил дека околу 08.40 часот, пред тобако на ул. „Московска“, од страна на две непознати лица му било одземено патничко возило „Ланд Ровер – Ренџер спорт“ со скопски регистарски ознаки.
С.Е. застанал пред маркет и возилото го оставил незаклучено и со мотор во функција.
Во исто време слушнал отворање на врата од возило. Тој се обидел да ги спречи во намерата, но двајцата сторители со голема брзина го стартувале возилото и заминале во непознат правец.
Околу 09.05 часот полициски службеници го пронашле отворено возилото на патот Скопје – Тетово, во близина на с. Ласкарци.
Во 14.00 часот возилото му било вратено на пријавителот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.